Амбиентално озвучување -Каталог

Што се алармни системи и од што се состојат?

1. Систем на сензори кои служат за детекција на непредвидливи ситуации со кои се загрозува вашата безбедност како отварање на врата, кршење на стакло, движење во просторот, појава на пожар, испуштање на гас, излевање вода ...

2. Контролниот панел на алармната централа управува со работата на сите елементи во системот. Прима сигнали од детекторите и врши алармирање со помош на сирените, врши дојава до мониторинг центарот и го алармира сопственикот преку телефон или ГСМ мрежата.

Модерните алармни системи се контролираат со помош на тастатура, внесување на шифри додека понапредните системи можат да се контролираат и со помош на кодирани картички или далечински управувачи.

Детектори

Најчест начин на кражба е со обивање на влезната врата па затоа надзорот на оваа врата е најважен. За следење на состојбата на влезната врата се користат магнетни детектори, овозможувајки ни да знаеме дали вратата е отворена или затворена. Тука се користи и влезно каснење кај алармот за да му се овозможи на корисникот да внесе код.  Друг тип на детектори кои се користат се детектори за кршење на стакло. Овие два типа на детектори ( магнетни детектор и детектор за кршење на стакло) образуваат основен заштитен ѕид.

Третиот тип воедно е и најкористен а тоа се детектори на движење, познати како PIR сензори. Тие го детектираат движењето на човечкото тело низ просторот што го заштитуваме и на тој начин го откриваме секое несакано движење во просторот. Со примена на овие детектори можеме значително да го намалиме бројот на магнетните детектори и детекторите кои детектираат кршење на стакло. Се произведуваат во најразлични модели во зависност од потребите. Овие детектори можат да бидат внатрешни и надворешни.

Детекторите за пожар служат за откривање на пожар во почетната фаза, за благовремена евакуација и гасење на пожарот. Се користат оптички те термички детектори.

Детекторите за гас се многу корисни за секој дом кој користи гас било за греење или за готвење. 

Што се случува кога е активиран алармот?

1. Се активира внатрешната сирена произведувајки пискав звук на висока фреквенција, психо базирана за да ја оневозможи ориентацијата на крадецот

2. Надворешната сирена со својот силен продорен звук и трепкаво светло служи да го привлече вниманието на комшиитеи на минувачите. Секоја квалитетна сирена поседува посебен механизам  на заштита од кинење на кабли, оштетување или неовластено отварање на капакот заради нејзино оневозможување при што се праќа сигнал до контролниот панел или мониторинг центарот.

3. Сопственикот со помош на телефон прима известување дека алармниот систем е активиран. Ова известување го пренесува контролниот панел со помош на GSM или фиксна телефонска мрежа.

4. Доколку системот е поврзан на мониторинг центар, службата за обезбедување прима сигнал со точно дефинирана зона од каде е извршен влвлезот во објектот, и се упатува патрола на лице место. 

 

Кој треба да го инсталира алармниот систем?

1. Немојте сами да инсталирате алармен систем или да ангажирате електричари за таа намена. Избирајки високо квалитетна опрема не е гаранција дека системот успешно ќе работи. Правилната професионална инсталација мора да обезбеди и поуздана заштита од саботажа, која е од критична важност вашиот систем да функционира тогаш кога ќе биде потребно, а не едноставно да биде саботиран.

2. Професионалната инсталација на системот гарантира голема сигурност на системот. Тоа го признаваат и голем броја на осигурителни компании.

3. Професионалната инсталација на системот и неговото одржување ви нуди и подолготрајна гаранција на системот.

Професионалната инсталација ви нуди максимална заштита по разумна цена со помош на искусни инсталатери.

Ви предлагаме да се распрашате и да ги погледнете професионалните инсталации кај вашите пријатели и уверите се во сигурноста на алармните системи од Глобал Секјурити. 

Add comment


Security code
Refresh

About Us

Global Security is the leading company for distribution and installation of security systems in Macedonia. The company works in the area of video surveillance systems, alarm systems, systems for access and control and electronic evidence of the working time and fire alarm systems. Founded in 2001, the company's success is based on providing top quality to its clients.

Partners

Кај нас сте добредојдени со вашиот миленик

 

Location

Contact Us

Find us on this address

Simeon Kavrakirov No. 25
1000 Skopje,
Macedonia

Or you can call us

Phone: +389-2-2461666
e-mail: info@globalsecurity.com.mk